Кавадарчанка била измамена од лажен инспектор

Од:

Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој 1 земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од МВР.

„Вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100 000 денари и 450 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант. Како што е пријавено, лицето и побарало 50 000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа“, соопштија полицијата.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак