Кавадарчани по три дена добија вода за пиење

Од:

Околу три илјади кавадарчани конечно добија вода за пиење откако претходно поради голем дефект во водоводниот систем три дена останаа без вода.

– Стануваше збор за голем дефект за кој беа неопходни големи земјени работи. Работевме напорно, максимално бевме ангажирани и најпосле го отстранивме дефектот, соопшти доцна синоќа раководителот на работната единица на Водовод и канализација при ЈП „Комуналец” од Кавадарци, Марјан Прескакулев.

Без вода беа жителите од  високата зона на градот, како и селата Шивец и Возарци и комбинатот „Фени”.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он