Катица Кулафкова предупредува на велепредавство: Македонија е на прагот на целосна разнебитеност

Од:

Академик Катица Ќулавкова предупредува на велепредавство и разнебитување на Македонија. Предавството разнебитува. „Болест на смрт“, напиша таа на својот профил на Фејсбук.

Има ли поголемо зло од тоа, во име на празни ветувања и „коцкарска“ надеж дека ќе добиеш премија, да си ги заложиш домот, семејството, народот, наследството, имотот, иднината?

Има ли поголема историска грешка од тоа, од готовото да направиш вересија, од Нешто да направиш Ништо?

Има ли понеморална и понесовесна работа од тоа – светото да го профанизираш, државата да ја обезличиш, луѓето да ги трауматизираш, народот да го стигматизираш?

Има ли побрутален чин од репресијата врз сопствениот народ?

Има ли потрагично предавство од предавството на сопствениот национален интерес?

Предавството никогаш никому не донело никакво Добро. Предавството разнебитува. „Болест на смрт“.

Македонија е на прагот на целосна разнебитеност. Разнебитена тивко, по пат на ултиматуми и заплашување со војна, по пат на нелегитимни политички договори, референдумски и други фалсификати, со помош на ревизии на историската и современата стварност, незапамтен криминал, стимулирани миграции, етнички фрагментации, позитивни дискриминации, фејк информации, медиумски манипулации, распад на системот на традиционални вредности, губење на пријателите…

Каде брзате?

Само во пропаст се брза неразумно! Вратете го разумот на историската и политичката сцена!

Барем една научна експертиза дајте да се направи пред да донесете политичка одлука!

Оти, да не се лажеме:

– Ако стратешкиот интерес е спротивен на националниот, тогаш тој не е наш, туку туѓ стратешки интерес!

– Сѐ што е напишано, еден ден ќе биде прочитано.

– Сѐ што е потпишано со измама од поединци, еден ден ќе биде отпишано од народот, напиша академик Ќулафкова, а потоа се обрати уште еднаш за новиот француски предлог кој власта го претстави како позитивен за Македонија.

-Имало само една фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Па колку пати треба да повторат за да биде уверливо дека според Бугарија, а сега и според ЕУ, македонскиот јазик не е природојазичен систем, туку дијалект на друг јазик, бугарскиот јазик?

Од 2017 го пишуваат истото во сите официјални документи, но вие се правите дека не е напишано, не читате, не реплицирате, не осудувате, не се повикувате на наука, не се повикувате на меѓународни конвенции. Штама. Тврдат дека цела македонска средновековна историја е бугарска, пак ги затворате очите, ушите и устата.

Тврдат дека сме вештачка творба, вие пак се правите недугави. Последиците ќе бидат огромни, спротивни на поимот цивилизација, придобивките никакви, вие го уверувате народот и светот дека предлогот е одличен, подобар не може да биде! Има ли крај агонијава? Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување. Ред вето, ред лага, ред вето, ред лага и така до бескрај, етноцидна, културоцидна стратегија против македонскиот народ, напиша Ќулафкова.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

Орце Костов

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

Орце Костов

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

Орце Костов