Специјалното јавно обвинителство побарало поголеми заштитни мерки за безбедност од МВР поради вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потврдуваат за А1он од СЈО.
Тие потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е една од партиите кои учествуваа во создавањето на Специјалното јавно обвинителство и по нивниот став искажан на годишнината, тие побарале поголема заштита сметајќи дека мора да има поголемо обезбедување на институцијата.
СЈО смета дека се загрозени поради делот на говорот во кој Груевски вели: „По оваа лекција, која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине многу долго време, пред на некој политичар му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“.
Александар Тодески