Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија- Специјален јавен обиинител

Од:

Актуелната обвинителка од Гевгелија Катица Јанева, како што дознава А1он од партиски информации ќе ја понесе одговорната задача, заедно со тимот, за кој самата ќе одлучува, да се справи со жешкиот костен, аферата „Пуч“. Дознаваме дека договорот паднал рано утрово.

Се уште нема официјална потврда, а некои медиуми информираат дека тоа ќе биде личност од Правен факултет.

По цели 15 часа тешки разговори, претставниците на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, постигнале договор за законската рамка за работата и функционирањето на Специјалниот јавен обвинител.

Веста дека е постигнат договор ја објави на Твитер и Антонио Милошоски, дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ.

postignatdogovor

„Постигнат договор, имаме обвинител“, напиша Милошоски

Паднаа во вода заложбите да се оди со измени на постојниот Закон . Во Собранието ќе се предложи „lex specialis“. Како што дознаваме.

Според договореното, Специјалниот обвинител самиот ќе одлучува за бројот на обвинителите, кои ќе имаат значајна улога во ефикасно расчистување на аферата „Пуч“ и прислушуваните материјали.

Рокот од Пржино ќе се испочитува, и денеска пратениците ќе гласаат за законот . Според најави од партиите ќе се гласа и за Специјалниот обвинител.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај