Агенцијата за катастар на недвижности ќе воспостави електронски адресен регистар во Македонија според стандардите на Европската унија.
Регистарот треба да овозможи сите жители да бидат запишани на својата адреса. Активностите за негово воспоставување ќе ги претстави денеска директорот на Катастарот Славче Трпески.
Ќе се воспостави стандардизиран систем за адреси со интегрирани графички и атрибутни податоци со што еднозначно ќе се определи локацијата на адресата.
Описните и просторни податоци за адресите во адресниот регистар ќе се чуваат и водат во централизирана база на податоци.