Катастарот ќе проценува 800 илјади објекти и 4 милиони парцели

Од:

Mасовна проценка на недвижностите во цела држава со која кататстарот ќе функционира како берза на недвижностите, целосно дигитализирање на катастарските планови, исфрлање од употреба на хартијата и комплетно електронско функционирање на катастарот. Тоа се дел од плановите и активностите на Агенцијата за катастар на недвижности, за кои во интервју за МИА говори првиот човек на таа институција Славче Трпески.

Катастарот, појаснува, за најмалку две години ќе биде и берза на промет на недвижностите и ќе го утврдува индексот на нивната вредност. Во соработка со Светска банка веќе се бара меѓународен консултант за до октомври да се утврди методологија за вршење на процената.

– Ако денес некој сака да купи стан и не знае која е неговата цена во иднина ќе може да си ја формира преку катастарот. Пред да купи нов стан точно ќе знае колкава е вредноста на таа недвижност. Тој веќе ќе има информација со која ќе настапи во прометот, вели Трпески и појаснува дека станува збор за сложена операција со која треба да се направи процена на 800.000 објекти и околу 4 милиони парцели.

По првичната процена, појаснува, најмалку еднаш годишно ќе се врши репроценка. Пазарот е таков, може да се случи денес да имате добра цена, но од икс причини утре таа цена да падне. Ако до вашата куќа дојде некој познат пејач цената ќе и се зголеми, а ако дојде некој кој ќе прави врева, цената на куќата ќе падне, посочува директорот на Катастар.

Според него, со дигитализацијата на катастарските планови што ги почна катастарот, покрај тоа што веќе тие нема да се користат во хартиена форма и ќе бидат дигитални, за граѓаните ќе се забрза уписот и ќе се скратат роковите.

По промовирањето на апликацијата во јануари годинава со која можат и нотарите, општините и геодетските компании да издаваат имотни листови во име на катастарот, Катастарот веќе склучил над 170 договори со тие субјекти и се издадени над 10 илјади имотни листови од нивна страна. – Секој втор ден веќе пристигнуваат нови договори. Како Агенција за катастар на недвижности имаме вкупно 110 шалтери во 29 одделенија плус Скопје, и еве за четири месеци добивме нови 173 шалтери кои многу помагаат во растоварувањето на турканиците пред шалтерите. Граѓанинот сега наместо да доаѓа во Kатастарот може да го извади во општините или во нотарските канцеларии и геодетските фирми и се намалуваат трошоците на граѓаните, наведува во Трпески.

Лани во октомври, посочува, е изготвена нова стратегија на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот 2013-2016 и се реализираат предвидените работи. Во таа визија е предвидено катастарот во 2016 година веќе да не работи со хартија. Она што ќе стигнува во хартија на самите шалтери ќе се скенира и ќе се работи комплетно електронски, а на бироата на нашите вработени ќе нема хартија, најавува директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

A1on