А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Катастарот ќе бара продолжување на рокот за елаборати за легализација

by А1он24/01/2017 - 12:08220
Share0

Петнаесет илјади геодетски елаборати неопходни за комлетирање документација за легализација на дивоградби не се доставени до општините до истекот на законскиот рок на крајот на минатата година поради што Катастарот ќе побара продлжување на рокот.

Добивај вести на вибер

Податоците од геодетските фирми покажуваат дека до крајот на декември лани 5.000 елаборати иако биле изготвени не биле подигнати од странките. Десет илјади елаборати геодетските фирми не успеале да изработат затоа што барањата за нив биле поднесени пред истекот на рокот и немале доволно време.

– Катастарот ќе ја информира Владата за ваквата состојба секако со барање за продолжување на рокот за доставување елаборати за да се даде простор овие 10.000 елаборати да можат приватните геодетски фирми да ги изработат за да бидат доставени, а 5.000 елаборати граѓаните да ги подигнат и да ги достават до општините, рече денеска на прес-конференција директорот на Катастарот Славче Трпески.

Од март 2011 година кога започна процесот на легализација заклучно со 31 декември лани геодетските фирми примиле 240.000 барања за изготвување елаборати. Од нив 225.000 се изработени и се подигнати од странките.

Рокот за поднесување елаборати истече за барањата од граѓаните за легализација поднесени во првиот рок за таа можност во 2011 година. Тогаш беа доставени над 360.000 барања, а досега во Катастарот се запишани 170.000 легализирани објекти.

Точната бројка на граѓаните кои воопшто не поднеле барања за изработка на елаборати, а побарале легализација, како што рече Трпески, ќе се знае откако ќе се вкрстат податоците на геодетските фирми и на општините. Од поднесените 360.000 барања можно е да има двојни или со еден елаборат да се бара бидат опфатени повеќе објекти.

Во дополнителниот рок за доставување барања за легализација на почетокот на минатата година беа доставени нови 80.000 барања. Тие треба да бидат комплетирани со геодетски елаборати до крајот на годинава.

divogradbikatastar

Би можело да ве интересира

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар

Горан Наумовски18/09/2025 - 11:37

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Горан Наумовски12/09/2025 - 11:28

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 16:06

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Катерина Ѓуровски16/07/2025 - 13:10

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 20:01

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 19:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен