Катастар бара 45 консултанти

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности ќе вработува консултанти, преку новиот заем од Светската Банка за поддршка на проектот Катастар на Недвижности и Регистрација.

Деновиве Агенцијата објави оглас за ангажирање на 45 консултанти во две позиции, и тоа геодетско стручно лице и стручно лице – дипломиран правник.

Најголемиот број од работните места се предвидени за во Скопје, но дел се однесуваат и за останатите градови во Република Македонија.

Покрај високот образование, кандидатите треба да имаат и работно искуство во областа и посебни вештини, кои може да се најдат во самиот оглас на официјалната страна на Агенцијата.

Огласот е отворен речиси до крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска