Кашиковски: Тројца вработени од „Комунална хигиена“ повредени во обид возила за смет да излезат од претпријатието

Од:

Вработените во „Комунална хигиена“ кои протестираа пред претпријатието тврдат дека тројца нивни колеги се повредени кога полицијата интервенирала за неколку камиони да излезат од кругот на претпријатието.

Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски во изјава за медиумите рече дека се направени неколку обиди да стапат во контакт и да преговараат со директорката Косана Мазнева Николиќ, но дека тоа не се случило.

– Полицијата со нејзината интервенција овозможи да излезат неколку камиони од „Комунална хигиена“. При таа интервенција беа повредени тројца од „Комунална хигиена“ и вие како новинарски екипи видовте дека имаше и возила на Брза помош кои ги однесоа повредените. Сметаме дека решението на проблемот не е на ваков начин, туку преку дијалог и преговори на маса, изјави Кашиковски.

Тој им се извини на граѓаните на Скопје затоа што не е исчистен сметот, но, како што посочи, и вработените во „Комунална хигиена“ подолг период имаат проблеми.

– Од страна на Синдикатот во секој момент има подадена рака и волја за решавање на проблемите, меѓутоа од другата страна таква волја до денес не гледаме, рече Кашиковски, кој очекува дека ќе бидат повикани на преговори.

Според вработените, приведени се и четворица нивни колеги.

Вработени од „Комунална хигиена“ од петокот протестираат поради отпуштање на дел од колегите и барање за повисоки плати и исплата на К-15. Поради протестот, од петокот не е собран сметот во главниот град.

Би можело да ве интересира

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена