Касами: Развој на Тетово со технолошки паркови и економски инкубатори

Од:

Кандидатот за градоначалник на Тетово од движењето Беса, Билал Касами, кој е и претседател на Беса, денеска пред жителите од Мала Речица го претстави проектот за изградба на училиште во ова место.

Тој истакна дека има конкретни проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните и се обврза дека преку технолошки паркови и економски инкубатори ќе ја развива економијата во општината.

Економските инкубатори, рече тој, подразбираат дека оние што имаат идеи, особено печалбарите, ќе дојдат тука, а сите административни и правни постапки ќе им ги завршат луѓе ангажирани од општината.

– Доволно е само тие да дојдат со своите идеи. Ќе имаат гарантирана канцеларија. Ќе имаат гарантирани постапки. Доволно е тие да продолжат со развојот на нивниот бизнис, појасни Касами, додавајќи дека ваквите поволности ќе важат за период од три години со надеж дека потоа отворените бизниси ќе бидат успешни и ќе немаат потреба од поддршка од општината.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски