Касами обвини дека централната власт му врши политички притисок

Од:

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ја обвини централната власт дека му врши политички притисок откако утрово во Општина Тетово дошла финансиска полиција. Касами смета дека е притисок, затоа што дошле поради некој предмет од пред 10-ина години.

-Во кризна ситуација во која се наоѓаме, кога менаџираме тековна ситуација, до денес не се исплатени плати затоа што сметката е блокирана, кога ние не успеваме да ја контролираме целата ситуација, непоканети гости имаме од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок, изјави Биљал Касами кој присуствуваше на одбележување на годишнината на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски

Мицкоски: Касами мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

Касами со порака до младите: Вие самите треба да го трасирате сопствениот пат

А1он

Касами: Ќе изградиме нова автобуска станица, ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси

А1он

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски