Комесарот Хан и тројцата европратеници даваат поддршка да излеземе од кризата. Тие бараат да гледаме кон иднината на државата, повеќе отколку за личниот интерес, рече лидерот на БЕСА, Билал Касами, по средбата со комесарот и европратениците.
Тој кажа дека во Македонија има сили кои сакаат да ја турнат политичката криза во меѓуетничка и дека БЕСА досега ги ставала државните пред партиските интереси.
Хан не поддржа во постапките за формирање влада, која во моментов има 67 пратеници. Нема никаква тиранска платформа туку декларација, рече Касами.
Тој кажа дека на средбата со екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, БЕСА кажала дека ќе даде предлог за претседател.