Картичките постари од 4 години веќе не важат, ЈСП наплатува 200 денари за нови

Од:

Граѓани кои се возат со автобусите на ЈСП деновиве се соочуваат со проблем поради тоа што не се информирани за рокот на траење на нивните персонализирани картички, односно “месечни билети”.

Оние граѓани кои биле меѓу првите кои извадиле вакви персонализирани картички од ЈСП во 2015 година, денес веќе не може да ги користат истите и мора да ги заменат со нови, бидејќи нивниот рок од четири години е веќе истечен.

“Имам платено слободна за цел месец, а денеска кога се куцнав на влегување во автобус, валидаторот ми покажуваше дека “картичката е невалидна”, раскажува Марија од Скопје.

Старите картички мораат да се заменат со нови кои чинат 200 денари.

„За обновата на „Скопска“ не се потребни никакви документи, доволно е да се приложи старата картичка. Заинтересираните статусот на картичката можат да го проверат во било кој центар за персонализација“, вели Деспина Трајковска Димова од ЈСП.

На новите картички повеќе го нема пејсажот на Скопје 2014, туку скопската тврдина “Кале” и Музејот на Скопје.


„Дизајнот е единствената разлика помеѓу старите и новите персонализирани картички „Скопска“, вели Трајковска Димова.

Од ЈСП велат дека корисниците на јавниот превоз навремено биле информирани за неопходната замена на истечените персонализирани картички.

Би можело да ве интересира

Автобус на ЈСП удри старец, состојбата му е критична

ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје