Карпош – Организатор на Европското шаховско првенство во 2015 година

Од:

Општина Карпош и официјално е избрана за организатор на Европското клупско шаховско првенство во 2015 година, соопшти денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, на конференцијата за медиуми одржана по тој повод.

– Веста е особено значајна затоа што првпат во светот една општина организира едно првенство од висок ранг, а тоа е Европското клупско првенство во шах. Годинава Бордот на Европската шаховска унија донесе одлука клупското првенство во 2014 година да се одржи во Билбао, а следната 2015 година во Карпош. Наша главна препорака, со која ја добивме улогата на организатор на ЕКП за 2015 година, е, се разбира, токму успехот што три години по ред го постигнуваме со организацијата на нашиот шаховски турнир „ Опен Карпош “, за што имаме пофалби од Европската шаховска унија и од светската јавност, која е зачудена што еден турнир за толку краток период успеа да достигне таков квалитет.

Наредната година во октомври, во Билбао, имаме обврска да ги презентираме своите можности за организација на првенството, но и да претставиме сè она што Општина Карпош, може да им понуди на шахистите – рече градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, изразувајќи надеж дека и Град Скопје и Владата на Република Македонија, односно Агенцијата за млади и спорт, ќе имаат предвид дека се работи за многу значаен настан и ќе придонесат за што поквалитетна реализација, во корист на што подобра презентација на Македонија.

stevco-k-Shah (1)

Организацијата на првенството, Општина Карпош ќе ја спроведе заедно со клубот „Гамбит АССЕКО СЕЕ“, чиј секретар, Маријан Митков, на денешната конференција за медиуми истакна дека на првенството очекуваат присуство на повеќе од 70 клубови во машка и 15-тина во женска конкуренција, 550 шахисти и повеќе од 800 гости.

– По Олимпијадата во шах во 1972 година, кога во Скопје гостуваа светските шаховски великани, како Боби Фишер, Михаил Тањ, Анатолиј Карпов и дузина други, ова ќе биде најголемиот шаховски настан што воопшто се случува во Македонија. Очекуваме да присуствува и светскиот првак, како и околу 80 од најдобрите 100 шахисти во светот – рече Митков, подвлекувајќи дека сите натпревари ќе бидат пренесувани директно, иако тоа е практика само на олимписките натпреварувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош