Карпош доби нова административна зграда

Од:

На свечен начин вечерва беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош. Ова грандиозно здание кое зафаќа вкупна површина од 4.500 м2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе бидат секогаш ширум отворени за своите сограѓани, кои ќе можат на едно место да ги решаваат своите проблеми и да ги остваруваат личните права и секојдневните потреби.

„Сè започна со еден камен –темелник. Можеби тогаш изгледаше како празно парче земја, но за нас тоа беше визија – сон за една нова општинска зграда, достојна за граѓаните на Карпош. Трпеливо но сигурно, месец по месец, цигла по цигла, од темелите израснаа ѕидови. Со мака, со работа и со посветеност, чекор по чекор го изградивме овој објект. Не беше лесно, но секогаш кога имаш јасна цел, секоја пречка се надминува“, објасни Јакимовски.

Во рамки на свеченоста тој посочи дека оваа зграда претставува симбол на заедништвото и јасен показател, дека кога ќе се здружат волјата и трудот не постојат невозможни работи.

„Овој објект не е само бетон и арматура. Верувам дека тука ќе се носат важни одлуки преку кои ќе се креира иднината на Карпош. Нашата локална самоуправа е лидер во многу работи а со овој чин покажавме дека знаеме да изградиме објект по европски стандарди, со визија и со срце. Ова е уште еден доказ дека нашиот Карпош секогаш оди напред“, истакна Јакимовски.

Првиот човек на Општината потенцираше дека новата општинска зграда не е наменета само на администрацијата. туку таа ќе биде транспарентна локална установа која им припаѓа на сите граѓани на Карпош.

„Мојот сон и мојата визија беше тука да влегувате со доверба и овде да ги добивате вашите одговори и решенија. Ова е нов дом на локалната самоуправа, поточно дом на сите наши сограѓани. Карпош гради, расте и ќе продолжи да чекори напред, затоа што ова е нашата заедничка приказна“, додаде градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува, Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција

А1он

Започнаа училишните спортски лиги во Карпош

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“