Карневалско роденденско чествување во Струмица

Од:

Изминатиот викенд Струмица живееше во тридневно роденденско чествување на 20 години од членството на Струмичкиот карневал во Европската федерација на карневалските градови–ФЕКК и 34-тиот родеден на оваа најголема карневалска асоцијација.

На јубијениот роденден присуствуваа карневалисти од 14 држави од Европа а домаќинот Струмица организираше повеќе манифестации и запознавање со културно-историските и природните убавини на Струмица и регионот.

– Струмичкиот карневал како бренд се етаблира во светската мапа на карневалски градови и е убава можност за културно зближување со многу држави, народи и цивилизации. Дваесетгодишниот растеж на Струмичкиот карневал го забележа и списанието „Травел њус“ кое го вброи Струмичкиот карневал во топ 20 улични карневали од целиот свет, рече градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев.

Во чест на јубилејот, градоначалникот Заев им врачи медали на карневалските групи и поединци а претседателот на ФЕКК, Фердинанд Ван Дер Крон на градоначалникот Заев му врачи Медал и плакета на оваа најголема светска асоцијација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите