Карневалџиите го вратија клучот од градот

Од:

Со симболично враќање на клучот од градот од страна на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов на градоначалникот Коста Јаневски беше означен крајот на годинашниве караневалски празнувања во Струмица.

– Довербата која првпат ни ја укажа градоначалникот е значајна и ние карневалџиите го враќаме клучот и градот во состојба каква што беше пред карневалот. Се надевам дека за оправданата доверба идната година градоначалникот и општина ќе издвојат повеќе средства за да направиме уште подобар карневал од годинашниов, кој беше повеќе од успешен, рече Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Во чест на денешниот празник Тримери, кој го слават армасаните (верените) девојки, беше подготвена посна тримерска трпеза, а „Распеани Струмичани“ исполнија неколку песни посветени на празникот.

Карневалските празнувања завршуваат официјално вечерва со концерт на ансамблот „Тримери“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите