А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Карл Билд: Имаме прогрес за македонското прашање

by А1он12/12/2012 - 11:45159
Share0

Имаме моментум во проширувањето на Балканот и тоа е добро. Заклучокот за Македонија има интересни елементи и вашата земја доби време, временска рамка која ќе овозможи почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова за дописникот на МИА од Брисел го изјави Карл Билд, министер за надворешни работи на Шведска, по синоќешниот маратонски состанок на шефовите на дипломатиите на сите земји-членки во рамки на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК).

Добивај вести на вибер

Иако заклучокот за Република Македонија и воопшто за сите земји-кандидати и потенцијални кандидати не е позитивен и не е усвоена препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на пристапните преговори, ниту почеток на т.н. скрининг процес на поглавјата 23 и 24 за нашата земја, Билд смета дека процесот се движи напред.

– Мислам дека направивме успешни заклучоци. Во тоа успеавме по тешките дискусии кои и секогаш ги имаме. Но, она што го добивме е чекор напред за сите земји и потребно е да се направат натамошни чекори за тие да се придвижат целосно напред, вели шведскиот министер.

На прашањето Што е позитивно ако Грција не отстапила ниту милиметар од својата тврда позиција да ја блокира Македонија и барањето прво да се реши прашањето за името пред нашата земја да ги почне пристапните преговори, Билд со одговор дека е точно оти е потребно во позитивна атмосфера да се придвижат работите во врска со прашањето за името.

– Но, мислам дека заклучокот во врска со Македонија има интересни елементи, одговари министерот за надворешни работи на Шведска.

Билд одби директно да одговори дали Македонија во јуни 2013 година ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ, иако на синоќешната прес-конференција еврокомесарот за проширување Штефан Филе најави ваков развој.

– Не би сакал сега да давам прогнози, оти треба да се направат уште многу работи. Но, има добра можност, многу добра можност за такво нешто, што не беше случај изминатите години. Нема конкретен датум, но тоа никогаш и не било на курсот. Се работи за време, временска рамка по која ќе следи дискусија и одлука и тоа не ништо ново, потенцира Карл Билд.

Шведскиот министер потврдува дека на синоќешниот состанок, шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ најмногу време потрошиле на, како што тој го нарекува „македонското прашање“. Но, тој вели дека ова време не било потрошено залудно.

– Европската Комисија ќе треба да подготви извештај напролет, што е нејзина работа оти таа постојано издава извештаи. Најмногу време потрошивме на македонското прашање, но мислам дека направивме прогрес. Задоволен сум што имаме моментум на придвижување на сите земји што се кандидати и потенцијални кандидати и тоа е најважно, завршува Билд.

Како што е познато, Советот за општи работи синоќа ги усвои заклучоците од пакетот за проширување за претстојниот Самит на Европскиот совет што утре и задутре ќе се одржи во Брисел. Иако ЕК и комесарот Филе инсистираа на датум за почеток на преговорите и скрининг на поглавјата 23 и 24 за Македонија, под притисок на Грција и делумно Бугарија, на крајот министрите само побараа Комисијата да изготви вонреден извештај напролет идната година, кој би се однесувал на добрососедските односи и решавањето на наметнатиот спор за името. Ако овој извештај биде позитивен, тогаш Советот за време на Ирското претседателство ќе одлучи дали ќе го прифати, по што во случај на позитивна одлука би и наложил на ЕК да подготви рамка за почеток на пристапните преговори.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува казна за Израел

Горан Наумовски06/06/2025 - 22:22

Орбан: Повеќето Европејци се против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ

Горан Наумовски05/06/2025 - 12:42

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД

Горан Наумовски04/06/2025 - 21:44

ЕУ најави одговор на новите царини на Трамп

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:20

Работиме напорно за да се деблокира македонскиот пат кон ЕУ, вели Рокас

Горан Наумовски27/05/2025 - 13:42

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он25/05/2025 - 15:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен