Караванот на ДИК ја посети целата држава

Од:

Едукативниот караван на Државната изборна комисија кој траеше во изминатите две недели заврши. Тој посети вкупно 15 градови и тоа Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Струмица, Куманово, Гевгелија, Вевчани и неколку општини во Скопје, покривајќи што поголем број на гласачи на територијата на државата.

ДИК во пресрет на Претседателските избори 2019 и во склоп на кампањата „Глас по глас“ одлучи на ваков пристап до граѓаните со цел директна комуникација. ДИК во текот на кампањата со граѓаните сподели информации за нивните права, ги информираше за методите на гласање, едуцираше за значењето и одговорноста на гласот, и ги посочи забраните кои постојат на гласачките места.

Од ДИК се уверени дека овој начин на комуникација со граѓаните помага вистинската информација да дојде до секој гласач и да се надминат недоразбирањата во јавноста. Индивидуалниот пристап, велат од ДИК, и овозможил на изборната комисија до детаљ да ја пренесе сржта на кампањата „Глас по глас“ потенцирајќи дека секој глас значи остварување на демократијата во државата.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски