Каракачанов: Владите на Заев и Борисов за две години направија повеќе од сите останати влади за 20 години

Од:

Владите на премиерите Зоран Заев и на Бојко Борисов за две години направија повеќе отколку сите останати влади во Скопје и Софија во изминатите дваесет години, изјави денеска во Охрид бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Каракачанов нагласи дека научниците и професорите треба да изнајдат решенија, во насока на унапредување на добрососедските односи и соработката во иднина.

– Македонија во Бугарија има пријател, партнер и фактор што ќе ги поддржи нејзините аспирации за интеграција во ЕУ, рече Каракачанов.

Што се однесува до Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, Каракачанов рече дека таа си ја работи својата работа и работите се одвиваат во вистинска насока.

– Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите меѓу двете држави. Но, тоа е тема која како што е познато има свое влијание и во бугарското и во македонското општество. Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока и да ги оставиме историчарите да работат на усогласување на ставовите, додаде Каракачанов.

Би можело да ве интересира

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите