Каракачанов сака да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов

Од:

Партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО сака да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов напиша во пост на Фејсбук бугарскиот вицепремиер. Споменикот веќе четири години е отстранет од пред Министерството за надворешни работи во Скопје.

Во објавата која доаѓа по одлуката да биде сменето и името на улицата која го носеше името на Сарафов, Каракачанов за него вели дека бил бугарски офицер и еден од водачите на Илинденското востание.

„Откако пред извесно време тивко го отстранија и неговиот споменик, ова е втор јасен гест од страна на властите во Северна Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин?“ – пишува Каракачанов.

Кметът на Скопие Шилегов се похвали тези дни със смяната на имената на няколко улици в града. Казано накратко: в Скопие…

Posted by Красимир Каракачанов on Thursday, 18 February 2021

Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО е подготвена да го купи лично отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да биде стопен како старо железо“, објави меѓудругото Каракачанов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани