Каракачанов: Ако Скопје продолжи да се однесува со инает, уште долго ќе чека на влез во ЕУ

Од:

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов уште еднаш ги повторни ставовите околу влезот на Македонија во Европската унија. Тој во интервју за БТВ рече дека ако Скопје продолжи со инатетот уште долго ќе чека прием во европското семејство.

„Бугарија има право да бара од земјите кандидати за членство во Унијата да запазат одредени услови. Еден од условите е нашата национална безбедност. Не може со инает, кој го гледаме во Скопје – ‘ама ние сакаме’, и јас можеби сакам многу работи во животот, ама нешто што не е мое како да го сакам, а тие сакаат сѐ. Не може да имаш претензии за бугарската историја, не може да не им се извиниш на оние луѓе што си ги убивал и тормозел десетици години, само затоа што биле Бугари и да ми кажеш ‘ама ние имаме идентитет со векови“ -рече Каракачанов.

Тој уште еднаш го повтори ставот дека македонскиот идентите е создаден во 1944 година и тоа со насилство и репресии над Бугарите.

„Знаете ли дека во Македонија во 1945 се носи закон, можеби и во нацистичка Германија немало таков, за заштита на националното име и чест, според кој секој што ќе каже дека е Бугарин, не Албанец, ако кажеш дека си Албанец немаш проблем, ако кажеш дека си Турчин немаш проблем, ако кажеш дека Србин ќе ти ракоплескаат, но ако кажеш дека си Бугарин, според законот, можеш да добиеш до пет години затвор. И сега тие луѓе ми кажуваат дека самите од себеси добиле некаков идентитет, и тоа го кажува политичката елита, тоа не може да се случи“ – вели бугарскиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Каракачанов: Макрон го турка светот во војна

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ