Карајанов ја презентира платформата за дипломатска активност во Русија

Од:

Руската Федерација и Република Македонија имаат пријателски односи со активен дијалог на повеќе нивоа. Во овие односи постои неискористен потенцијал и тој треба да биде наша одредница во кој правец да ги развиваме односите со овој значаен надворешно-политички актер во обостран интерес. Како држава треба будно да го следиме рускиот настап во светот и пред се во нашиот регион и односите со Русија да ги развиваме поаѓајќи од сопствените долгорочни согледувања, а не од моменталната надворешно-политичка конјуктура.

Ова го истакна новоименуваниот амбасадор на Македонија во Руската Федерација, Гоце Карајанов кој денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави својата платформа за дипломатски активности. Тој посочи дека од моментот на воспоставување на дипломатските односи до денес во делот на политичките односи не е остварена посета на највисоко ниво-претседателско или премиерско од Руската Федерација на Македонија. Од наша страна остварени се посета на претседателот Ѓорге Иванов и на министерко-заменик-министерско ниво.

Во однос на спорот за името Карајанов посочи дека веќе 20 години Русија има конзистентен став за употребата на уставното име на Македонија. За нашите стратешки приоритети ЕУ и НАТО, пак, вели Русија имаше разбирање за нив, но како резултат на украинската криза Москва ги корегира нејзините позиции, особено во делот на НАТО. Тоа, вели, го потврдува и изјавата на шефот на руската дипломатија Лавров дека проширувањето на НАТО кон БиХ, Црна Гора и Македонија за Русија е провокација.

– Без оглед на нашата стратешка определба за членство во ЕУ и НАТО Македонија од секогаш имала отворен пристап и секогаш ги сметала односите со Руската Федерација како еден од приоритетите во надворешната политика. Од тука три неодминливи приоритети ќе бидат натамошниот развој на економската соработка, особено во делот на трговската размена и инвестициите, развојот на политичките односи кој ќе овозможи услови за проширување на економската соработка, како и обезбедување на сите услови за соработка во доментот на културата, науката, образованието и останатите области, рече Карајанов.

Првенство, рече, сепак, ќе има економската дипломатија, бидејќи со секоја нова донесена инвестиција во нашето стопанство и отворен простор за соработка со наши компании се помага за намалување на невработеноста во нашата земја.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски се согласи со ставот за Русија како значаен економски, политички и енергетски фактор во рамки на Европа и ОН и оти секоја држава од Европа има интерес да ги развива и продлабочува односите со Руската Федерација поаѓајќи од своите интеерси.

– Тука Република Македонија не треба да биде исклучок без разлика каков е годишниот, дневниот или деценискиот геополитички прстор или состојба. Во односот кон РФ Македонија не би требало да изигрува поголем Американец од Американците во однос на дистанцата од РФ, ниту, пак, би требало да изигруваме поголеми Белоруси од Белорусите во однос на сојузништвото со РФ. Треба да имаме една урамнотежена позиција која за нас е важна да има своја корист по однос на нашите енергетски, економски, безбедносни, политички и меѓународни интереси, особено ако се има предвид постојаното место на РФ во Советот за безбедност во ОН, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза