Кандидатот за градоначалник од ДУИ за Липково ја претстави изборната програма

Од:

Изградба на патна инфраструктура, завршување на водоводната мрежа, отворање на економска зона во село Никуштак и завршување на изградбата на културниот дом најави кандидатот за градоначалник од ДУИ за општина Липково, Еркан Арифи.

Претставувајќи ја изборната програма, Арифи истакна дека проектите во програмата се произлезени од барањата на граѓаните.

– За овој мандат во платформата предвидовме проекти со кои населените места на општина Липково ќе изгледаат како урбани средини со усвоени урбанистички планови за село, со изградена патна инфраструктура, завршување на водоводната мрежа за сите населени места, освен планинските места, завршувања на сите фекални канализации, а според можноста и започнување со изградба на колекторите за прочистување на отпадните води, рече Арифи.

Тој додаде дека ќе продолжат да реализираат проекти во соработка со месните заедници и оти ќе изградат финансиски стабилна општина.

Арифи посочи дека во минатиот мандат реализирани се сите предвидени проекти во општината и оти капиталните инвестиции изнесувале над 17 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ