Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов, и негов сопартиец, Ацо Василевски, тепале активисти на социјалдемократите кои оделе од врата на врата во населено место во оваа општина за да ја презентираат програмата на кандидатот на СДСМ, обвинија од СДСМ.

Инцидентот е пријавен во полиција.

„Во еден момент кога бевме во маалото каде што ги вршевме активностите врата до врата влегоа кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов, и негов сопартиец, Ацо Василевски, кои со првично вербални напади сакаа да не исфрлат од дворот каде што бевме и разговаравме со граѓаните. Во еден момент се случи Ацо Василевски ја нападна физички со тупаници Верче, ја удри по рака во моментот кога сакавме да пријавиме во полиција. Во тој момент Крсте, кој сакаше да ја одбрани од насилството Верче, беше нападнат од Ацо Василевски. Нападот врз жена, насилство врз жена е кривично дело, насилството врз кој било граѓанин е кривично дело и токму затоа го пријавивме овој настан за да престанат насилствата“ – изјави Јована Тренчевска од СДСМ.

Од СВР Струмица потврдија дека е пријавен случајот е дека е известен јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?