Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ најави победа во првиот круг

Од:

Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски, на синоќешната партиска конвенција најави победа уште во првиот круг.

Тој меѓу другото порача дека Делчево заслужува да биде поубаво место за живеење, место каде што младите ќе формираат семејства и каде што нивните деца ќе посетуваат училишта и каде ќе живеат горди и достоинствени граѓани.

– Ветувам соработка со бизнис-секторот и безрезервна поддршка за сите нивни идеи, планови, за се што ќе донесе економски развој на Делчево. Ветувам унапредување на образованието, културата, спортот, поддршка на проекти за развој на туризмот и поддршка и соработка со невладиниот сектор и транспарентно делење буџетски средства за јакнење на граѓанскиот сектор во Општина Делчево. Ветувам дека со ваша поддршка, со поддршка на советниците, ќе го направиме Делчево гратче со кое ќе се гордееме, затоа што секој наш сограѓанин заслужува поубаво утре, заслужува поубав живот, порача Трајковски.

Пред присутните на партиската конвенција се обрати и носителот на листата за кандидати за членови на општинскиот совет од СДСМ и коалицијата, Драган Маневски.

– Советничката листа која ја предводам е составена од авторитетни и чесни луѓе, докажани во своите професии.Тим што ја заслужува вашата доверба и што е посветен на иднината. Ветувам дека советниците од нашата коалиција заедно со новиот градоначалник Горан Трајковски и со поддршка на Владата ќе бидат сервис на сите граѓани за решавање на проблемите од сферата на локалната самоуправа, рече Маневски.

На конвенцијата беа претставени 15-те кандидати за членови на општинскиот совет, а пред присутните се обрати и пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, која ги претстави мерките преземени во првите сто дена од Владата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“