ВИДЕО: Кандидатите за градоначалници на Град Скопје потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Од:

Петре Шилегов од СДСМ, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ и останатите кандидати за градоначалници на Град Скопје потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Кодексот, како кандидатите за градоначалници на Град Скопје, го потпишуваат и кандидатите за градоначалници во сите општини на Република Македонија.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на фер и слободни избори.

Учесниците во изборите со потпишување на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо, непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Покрај Петре Шилегов и Коце Трајановски останати кандидати за градоначалник на Град Скопје се Ѓорги Тодоров од НДМ, Беким Фазлиу од ДПА, Насије Селмани од БЕСА, Ванчо Шехтански од ТМОРО, Марија Јонес од Левица и Наим Бајрами од Алијанса на Албанците.

Кандидатот на ДПА, Беким Фазлиу бил физички спречен да присуствува на денешната средба и тој Кодексот ќе го потпише подоцна.

По потпишување на Кодексот, кандидатите за градоначалници ќе дадат изјава пред медиумите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини