Кандидати на ДУИ: Бејта за Гостивар, Дехари за Кичево, Дураку за Липково

Од:

Централното претседателство на ДУИ вечерва го утврди списокот на кандидати за градоначлници на локалните избори во март.

Освен Теута Арифи за Тетово, ДУИ одлучи во Гостивар да го кандидира Невзат Бејта, додека за Кичево во трката за градоначалник ќе биде Фатмир Дехари.

Во општина Чаир, Скопје, повторно ќе се кандидира Изет Меџити, во Струга Арбен Лабуништа ќе го замени Рамиз Мерко додека во традиционалното упориште на ДУИ, општина Липково, кандидат за градоначалник ќе биде Садула Дураку.

Во Дебар ДУИ ќе се трка со Ружди ЛАта, во Сарај, кандидат ќе биде Беким Мурати а за Боговиње, Хазби Идризи

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%