Канческа побара 1 час пауза да заземе став за имунитетот на Вељаноски

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по барање на координаторката на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска даде едночасовна пауза од расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на осомничениот, Трајко Вељаноски.

Канческа побара едночасовна пауза бидејќи дури во 19 часот биле известени дека ќе се одржи денешната седница и немале време да ги разгледаат документите од мандатно-имунитетната комисија.

-После 19 часот добивавме информација дека ќе има седница. Немавме време да заземеме став по однос на оваа точка. Бараме 1 час пауза да ги разгледаме материјалите од Комисијата, рече Канческа-Милевска.

Собранието има рок до 12 часот на полноќ да изгласа дали ќе му го одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски. По завршувањето на паузата на пратениците им преостанува уште 30 минути до истекувањето на рокот за гласање. За збор се пријавија 29 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, до сега на говорницата излегоа само тројца.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он