(ВИДЕО) Канческа-Милевска: Заев мислеше дека со излегување на улица ќе дојде на власт

Од:

Уништуваа државни институции, фрлаа со камења, фарбаа споменици и ја уништуваа нашата култура и историја, го уништуваат нашиот идентитет, македонскиот идентитет, а сега коментираат зошто граѓаните излегле на мирни протести да ја одбранат својата волја, да ги одбранат своите резултати. Нема да дозволиме доста беше понижување, доста беше уништување на Република Македонија со разни сценарија, рече на денешниот протест пред ДИК министерката Канческа Милевска.

– Сакам да порачам одовде дека македонскиот народ неможе да се потценува, македонскиот народ е тој кој што ќе ја даде својата волја и својот глас кој во иднина ќе раководи со Република Македонија, рече Канческа Милевска.

Таа појасни дека народот кој гласал за ВМРО-ДПМНЕ односно 450.000 граѓани се изјаснија кој ќе раководи со оваа држава и кој ќе продолжи за суверенитетот и унитарноста на Македонија и дека нема да дозволат повеќе интриги, делби и уништување на македонскиот интегритет и суверенитет.

– Зоран Заев мислеше дека така со уништување и излегување на улица, со фарбање на државните институции, со делби и поделби ќе дојде на власт, неможе така да се дојде на власт, на власт се доаѓа со легитимни избори каде што волјата на граѓаните е на прво место и затоа нема да дозволиме да се поништи волјата на граѓаните, рече Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“