ВИДЕО: Канческа-Милевска непрецизна – не кажа дали ќе гласа за уставните измени

Од:

Пратеничката Елизабета Канческа Милевска од собраниската говорница повика на разумот и национален консензус, но и по говор од 10 минути остана нејасно дали ќе гласа „за“ или „против“ уставните измени.

-Некој треба да смогне сила и да повика да се седна на заедничка маса, ни треба консензус и единство. Ни треба вистински траен договор, а тоа може само со менување на некои делови. Да се надминеме себеси, да го решиме ова прашање, рече пратеничката Елизабета Канческа-Милевска во Собранието.

– Патриот е оној кој добро и мисли на државата. Лидерите треба да изнајдат решение и да се постигне консензус по ова прашање. Сите се соочуваме со порази поради одредени грешки, но големина на човекот е да ги препознае и признае грешките. Ова е порака за сите лидери и функционери на политичките партии, да внимаваат што ветуваат пред граѓаните, зашто се останува запишано, рече пратеничката Елизабета Канческа Милевска во говорот пред пратениците.

Денеска можеме да се повикуваме на тие изјави, на изјавите на премиерот Зоран Заев, на министерот Никола Поповски дека ќе се залагаат да се задржи името на нашата држава, неменувањето на Уставот и да се вртиме во еден маѓепсан круг.

Местото на Македонија е во ЕУ и НАТО и нема дилема за тоа, сите сме за тоа. Со години наназад сме работеле макотрпно во таа насока, но владата на СДСМ не успеа таа поддршка да ја преслика и да ја добие на референдумот, рече Канческа-Милевска.

Таа додаде оти ѝ е жал што владата на СДСМ и покрај храброста не успеа да го реши ова прашање со претходно изграден консензус. Доколку се случело тоа, сега, рече таа, дека немало да се калкулира кои ќе се тие пратеници што ќе го овозможат тоа мнозинство и да бидат третирани како предавници или како херои.

Канческа Милевска посочи дека имаше лошо менаџерање на целиот процес, невклучување на опозицијата, на претседателот на државата, на Деловникот на Собранието на РМ.

– Одговорноста се префрли на пратениците, тоа не е чесно, ниту сериозно од страна на сите што учествуваа во овој процес. Референдумот покажа дека е погрешно воден овој процес. Референдумот не е анкета и не може да се гледа како анкета, факт е дека ние имавме неуспешен референдум. Колку и да се обидуваме, не можеме да ја смениме реалноста, не можеме да ги промениме бројките, а одлуката на ДИК е јасна и го потврдува. Не можете да прифатите промена на Уставот без национален консензус и мнозинството во парламентот. Ние немаме реална слика од референдумот, тоа ќе го постигневме ако владата обезбедеше национален консензус, рече Канческа Милевска.

Според неа, сите пратеници требаше активно да бидат вклучени во овој процес, а не да бидат третирани како гласачка машинерија.

– Секоја извршна власт да сфати дека треба да го почитува парламентот, а не партиски да се делува. Ќе го цитирам премиерот Заев кој кажа дека пратениците не се математика и бројки, да се согласувам со тоа, и уверена сум дека никој нема да се продаде кога се работи за интересите на Македонија. Секој ден има анализи и калкулации за пратениците, тие не се одговорни за ова што се случува, и жалосно што е доведена државата во ваква ситуација, рече Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики