Кампањата непочната, кандидатите си ја тераат жестоко

Од:

Професорската двојка Силјановска-Пендаровски, иако официјално се уште не се кандидати за нов претседател, секојдневно ја крстосуваат државата, остваруваат средби со граѓани, се фотографираат, даваат изјави. Третиот во трката, Река, барем јавно се уште не почнал со агитирање.

Тие го користат законскиот вакум, бидејќи се уште не се пријавени во ДИК и не се официјални кандидати. Вака, иако се непартиски, натпартиски и консензуални кандидати, се третираат како партиски изјави или средби.

Членот 69 а од Изборниот законик пропишал дека “изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми”.

Значи се користи фактот што се уште не се пријавени во Државната изборна комисија. Тоа, според Календарот-роковник на ДИК, треба да го сторат најдоцна до идниот четврток, односно до 21 април. Вака добиваат десетина дена гратис пропаганда освен предвидените законски 20 дена, кои започнуваат на 1.април.

Иако сите најавуваат фер и професорски научна кампања, сепак, судејќи според неофицијалниот старт ќе се користат сите средства за дискредитација на противничкиот табор. Двајцата кандидати ќе настапат со спротивставени ставови во однос на Преспанскиот договор.

Црната кампања и непристојната реторика, ќе се засилува со приближување на изборниот ден.. Опозицијата ќе ги критикува постапките и резултатите на Владата, амнестијата и промена на името , СДСМ пак ќе се фокусира на евроатлантските интеграции и ќе укажува на криминалите на претходната власт и 10 годишното претседателствување на Ѓорге Иванов.

Иако се работи за претседателски избори, политичките табори нема да ги избегнат темите кои им носат политички поени и позитивни поени кај гласачкото тело.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Предраг Петровиќ

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ