Зонта клубот Скопје денеска во 18 часот во МКЦ Клуб ресторан ќе ја најави кампањата „Зонта вели НЕ на насилството врз жените и девојчињата“.
Кампањата е финансирана од УСАИД и е дел од глобалната кампања за подигнување на јавната свест „Обои го светот во портокалова боја“. Портокаловата боја симболизира подобра иднина без насилство врз жените и е поврзана со кампањата што се случува секоја година од 25 Ноември-Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените и 10 Декември-Меѓународен ден за човекови права.
Пред присутните предвидено е да се обратат директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стејн и постојаниот координатор на Обединетите нации Лујза Винтон.