Кампања за заштита на водоснабдителниот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

Од:

Рационалната употреба на водата го заштитува не само водоснабдителниот систем, туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување, посочуваат од јавото претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, како дел од кампањата за заштита на водоснабдителниот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“.

Истакнуваат дека нерационалната употреба и злоупотреба преку диви приклучоци и неконтролирана употреба на водата придонесуваат до исцрпување на изворите и нарушување на системот за водоснабдување. Дивите приклучоци, посочуваат, се забранети со Закон.

– Климатските промени делуваат на природата и природните извори, како што е изворот Рашче. Зголемените температури, сушните периоди без дожд и снег придонесуваат за намалување на нивоата на природните извори. Наша должност е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина, велат од претпријатието.

Злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем, како што информираат, може да се пријави на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција – [email protected] или на www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат