Во организација на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во соработка со организацијата на потрошувачите на Македонија денеска официјално ќе започне кампања за промоција на правата на потрошувачите.
На промоцијата ќе се делат едукативни летоци на потрошувачите под мотото „Сите сме потрошувачи“, изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организацијата на потрошувачите на Макеоднија ОПМ.
Како што е најавено, на промоцијата ќе се обрати претседателот на Советот на град Скопје Ирена Мишева, како и претседателите на Советот за заштита на потрошувачите на град Скопје, Марјан Додовски и на ОПМ, Маријана Лончар Велкова.