Кампања за носење заштитни шлемови на моторџиите

Од:

Во рамките на кампањата „Јас внивамам“ компанијата ОКТА денеска во соработка со МВР на совесните мотоциклисти кои носеа заштитни шлемови им доделуваа по 1.500 денари вредносни ваучери .

Македонскиот моторџија Ленин Јовановски ја поддржа кампањата и на моторџиите им порача да носат заштитни шлемови, кои според него се најважниот дел од опремата на моторџијата.

– Покрај почитувањето на собраќајните правила и прописи многу повеќе моторџиите треба да внимаваат на грешките и на останатите учесници во сообраќајот, порача Јовановски.

Како места на најголем број сообраќајки во кој се вклучени моторџиите Ленин ги нагласи градските средини, односно крстосниците од каде побара поголемо внимание од сите учесници во сообраќајот.

На патиштата во Македонија во текот на 2016 година случени се 3.904 сообраќајки со потешкки последици, од кои 150 незгоди со загинати лица.

Според податоците на МВР учесниците во незгодите се директни причинители на сообраќајните незгоди, пришто 96 проценти од незгодите се случиле поради грешки на возачите или 3.743 сообраќајки. Само четири отсто или 161 незгода се поради грешки на пешаците. Водечка причина за сообраќајка е управување на возилото со поголема брзина од дозволената.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ