ВИДЕО: Со кампања за правилно миење раце, ќе се спречи ширењето зарази во училиштата

Од:

Преку кампања за правилно миење раце и одржување на хигиената во училиштата, ќе се подига свеста кај децата за да се избегнат ширењето на бактериите и појавата на разни заразни болести, рече Ирина Сотирова-Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, која го најави проектот што почнува во училиштата во општина Центар. Сотирова-Бухова рече дека потребата од ваква кампања доаѓа по сознанијата од истражувањата дека голем дел од децата воопшто не ги миеле рацете додека се на училиште.

„Нашата цел е да ги посетиме сите основни училишта, почнувајќи од општина Центар, и на соодветен начин да ги едуцираме учениците како да изградат правилни хигиенски навики. Постојат низа примери за вакви кампањи во голем број европски земји и ние како Државен санитарен и здравствен инспекторат утврдивме да го следиме овој пример и да ја спроведеме оваа активност“, изјави Сотирова-Бухова.

Покрај учениците во процесот на едукација што ќе го спроведат стручни лица, ќе бидат вклучени и вработените во училиштата.

„Правилното миење на рацете со сапун ги отстранува бактериите, кои се причинител за разни болести, пред сè, дијареја. Речиси 80 отсто од децата што имале дијареја ја добиле во училиштата. На овој начин ќе се спречи и појавата на инфекции на дишните патишта, како што се пневмонијата и грипот, кои се најчестите болести кај децата на оваа возраст“, рече д-р Весна Герасимовска, специјалист интернист и нефролог.

Како што беше најавено на денешната прес-конференција, првата едукативна работилница ќе се одржи на 21 декември во ОУ „Киро Глигоров“, а подоцна ќе бидат вклучени и другите училишта во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски