Кампања на МВР за лето без пожари

Од:

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска на клучката пред паркот во општина Сопиште, ќе  почне со превентивни активности за реализација на  проектот „Лето без пожари“ чија цел е заштита и зачувување на зелените шумски и останати површини од пожари во непосредна близина на патиштата, како и  зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Активностите ќе се реализираат во соработка со локалната самоуправа, ЈП Јасен, Шумска полиција и Противпожарно друштво од Општина Сопиште.

Формираните тимови заедно со униформирани полициски службеници од Мобилната полициска станица Кисела Вода, ќе преземаат превентивни мерки и активности со цел спречување на појава на пожари во летниот период.

Активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остваруваат контакти со граѓаните во соработка со локалната заедница. На локалните и регионалните патишта по случаен избор ќе сопираат патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот.

По краткото укажување за целта на кампањата на возачите ќе им се подели пропаганде материјал ќе им се посака безбедно и пријатно патување. Полициските службеници за превенција на возачите на патничките моторни возила ќе им подарат освежувачи за воздух со логото на проектот како гест за градење на доверба помеѓу полицијата и возачите на патнички моторни возила.

Активностите, како што информираат од МВР, ќе продолжат во текот на летниот временски  период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе, а со самото тоа со зголемен ризик од предизвикување на пожари, но и големи можности за постигнување  на планираните резултати.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација