Кампања на ЦИВИЛ за слободни избори

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска започнува видео-кампања под наслов „За слободни избори“. Екипата на ЦИВИЛ сними изјави од 27 интелектуалци, уметници и активисти, кои ги споделија своите мисли, чувства и пораки за слободни избори. Почнувајќи од денеска, 16 ноември 2015 година, ЦИВИЛ ќе публикува по една изјава од оваа кампања, секој ден.

Оваа кампања за слободни избори може да ја поддржите преку преземање, реобјавување и споделување на видео содржините во медиумите и на социјалните мрежи. Кампањата се состои од видео изјави објавени на YouTube каналот и веб-страницата на ЦИВИЛ, како и од низа други медиумски и теренски активности на организацијата, со цел да се зајакне јавната свест за правата на гласачите. Тонските записи од изјавите ќе бидат објавени на SoundCloud каналот на ЦИВИЛ. Сите содржини се под лиценцата Creative Commons, што подразбира слободно преземање, без барање согласност од изворот.

Оваа година ЦИВИЛ започна со низа проекти со цел да придонесе кон надминување на политичката криза и создавање услови за слободни избори. Оваа кампања е дел од тие проекти.

Кампањата започнува со изјавата на Огнен Јанески, новинар и активист, под наслов „Да ја живееме демократијата!“. Во продолжение, ви го пренесуваме транскриптот на неговата изјава:

Во оној момент кога ќе речете некому дека не излегувате да гласате на избори, затоа што сите се исти и затоа што не верувате дека нешто ќе смените, тогаш сте погрешиле и сте ја запечатиле судбината на оваа држава во правец кој што не е ваш избор.
Вашиот избор, вашето заокружување, вашето гласачко право е нешто што ја крои иднината на оваа држава.

Затоа никогаш немојте да оставите вашиот глас да биде неискористен или потоа да размислувате дека некој го злоупотребил. За да ги немаме тие дилеми сите треба да излеземе на избори.

Само така слободната волја и слободната мисла ќе продуцираат слободни избори. Само на тој начин нема да размислуваме што е тоа демократија туку ќе ја живееме.
Кога ќе размислувате што е демократијата во истиот момент сфатете дека таа ја нема. Во оној момент кога ќе ја живееме нема да имаме потреба да размислуваме.
Гласајте слободно на избори!

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски