Камен -темелник за нов споменик во чест на „Прилепските бранители“

Од:

Денес градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, претставници од локалната самоуправа и функционери на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на поставувањето на камен-темелникот на новиот споменик посветен на прилепските бранители со дијаметар од девет метри.

Предвидениот споменик ќе се издигнува среде кружниот тек кај Основниот суд, кој беше изграден пред околу една година. Споменикот беше внесен во вирутелните проекции уште при самото промовирање на овој проект.

Модернистичкото спомен-обележје ќе ја симболизира борбеноста и непокорот на прилепчани, кои дале многу борци. За прилепските бранители ова е уште еден симбол дека Прилеп е секогаш меѓу првите на браникот на татковината.

За изградбата на овој споменик е ангажирана фирмата „Факом“ од Скопје, која треба да го заврши за околу 40 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително