Камен – темелник за изградба на бункер за нов акцелератор во ГОБ „8 Септември“

Од:

Камен – темелник за изградба на бункер за поставување нов најсовремен линеарен акцелератор, е поставен денеска во дворот на Градската општа болница „8 Септември“.

На поставувањето камен-темелник присуствуваа вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тодоров рече дека инвестицијата е вредна околу 50 милиони денари само за изградбата на бункерот, инаку нешто над 2 милиони евра и со се набавката на акцелераторот. 

– Акцелераторот е веќе набавен. Технологијата на работа налага прво да се набави акцелератор, да се знае каков е тој, а потоа врз основа на тоа се прави посебен елаборат и се почнува проектирање. Очекуваме градбата да трае осум до девет месеци и потоа да се монтира акцелераторот, по што почнува период на т.н. комисионирање во кое треба да се направат сите потребни подготовки согласно протоколите кои ги налагаат за да се отпочне со работа и да се добие дозвола од страна на Агенцијата за радиоциона сигурност, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза