Калас: Палестинците мора да можат да живеат во Газа

Од:

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека Газа никогаш повеќе не смее да биде рај за теророт и повика на втора фаза од договорот за ослободување на заложниците со Хамас.

Говорејќи на прес-конференција по состанокот на Советот за асоцијација меѓу израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар и министрите за надворешни работи на ЕУ, Калас повика на преминување во втората фаза од договорот за ослободување заложници со Хамас, објави Тајмс оф Израел.

Таа се изјасни и против предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на жителите на Газа, велејќи дека „Палестинците мора да можат да живеат во Газа“.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

Хамас: Воената ескалација против Палестинците најверојатно ќе доведе до убиство на заложници

Лавров: Раселувањето на Палестинците само ќе активира темпирана бомба

Демолирани се големи делови од кампот Џенин, повеќе од 40.000 Палестинци ги напуштаат своите домови

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Ајатолахот Хамнеи: Планот на САД за раселување на Палестинците од Газа ќе биде залуден