Каква програма понуди МРТ за потрошените 6 милиони евра минатата година?

Од:

Македонската радио телевизија во изминатата година потрошила над 6 милиони евра, ова е наведено во Извештајот на МРТ кој се најде пред пратениците за годишната работа во кој се истакнува дека за оваа сума успешно е спроведена програмата до гледачите.

МРТ без сериозна анализа, со голи бројки и набројувања во годишниот извештај за 2017 година се пофали дека е јавен радиодифузен сервис кој успешно ја реализирал задачата. Извештајот за тоа колку е потрошено, што и како се работело е испратен до Собранието каде пратениците треба да го усвојат истиот.

Освен набројување, во извештајот нема ниту збор за тоа колку МРТВ навистина ги исполнува задачите на Јавен сервис чија задача е да образува, информира и забавува, како и тоа дека е Јавен сервис за сите граѓани, без разлика на политичка припадност.

Бројот на вработени луѓе во јавниот сервис изнесува 845 лица од кои се уште најголем број се со средна стручна спрема. За тоа колку надворешни соработници има во МРТ кои реализираат копродукциски емисии, во извештајот нема информација.

Според оценките на експертите, МРТ особено во посочениот период не беше на висината на задачата. Во извештајот, раководството заборавило да го спомене навивачкото известување во периодот до формирањето на новата Влада, пристрасното известување за значајните настани, а особено за 27 април кога толпа граѓани насилно влегоа во Собранието на РМ кога за време на немилиот настан МРТ емитуваше ракометен натпревар, а вклучувањето, по завршувањето на натпреварот беше се зборовите „Народот влезе за да си го врати Законодавниот дом“, без ниту еден збор за тоа што доживуваа пратениците, медиумите и собраниските служби.

Освен бројки, во извештајот нема ниту оценка колку професионално МРТ ги покриваше локалните избори. За да се прифати годишен извештај за работата на една институција треба да ја извршил задачата за што е формиран и за што се финансира од парите на граѓаните.

Според јавноста ваквиот извештај потпишан од директорот на МРТ Марјан Цветковски и предлог одлука извештајот да добие зелено светло од пратениците потпишана од претседателот на Програмскиот совет, Смиљка Јанеска Саркањац не заслужува поддршка од Законодавниот дом бидејќи, реформите во МРТ се неопходни.

Доколку Извештајот не биде потпишан нема реперкусии, но тоа би требало да значи дека е неопходна промена на Управниот одбор на МРТ. Пленарната седница на која ќе се најде Извештајот од јавниот дифузен сервис е закажана за 17 јули.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он

Собранието донесе одлука за распишување конкурси за членови на советите на АВМУ и на МРТ