Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Од:

Вистинското лице на СДС излегува на површина. Откако седум години ја испокрадоа и уништија државата, економијата и достоинството, отидоа во една од најбогатите држави да градат висококатници.

По долг период на зборување во јавноста и неколку дена по јавното сведоштво дека Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигна и потврда од Венко Филипче.

На прашање од новинарите дали тој со Заев гради висококатница во Дубаи, Филипче вели дека тој не градел, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Признанието дека Филипче не гради, не може да се протолкува поинаку, освен како признание и потврда на нашите тези и на последното сведоштвото на Тома Аврамски, дека во Дубаи Заев гради зграда висока 42 ката.

Ова не е ништо друго, освен официјална потврда од чуварот на фотелјата во СДС на вистинскиот претседател Заев, Венко Филипче, дека неговиот ментор го проширил својот бизнис, и тоа во градежниот сектор, и гради 42-катница во Дубаи.

Но, следно на што Филипче треба да одговори е како ја доби златната виза во Дубаи, затоа што до ден денес не објави документи за напредни разговори за работен ангажман со некоја болница од таму, нешто за што тврдеше дека е така.

Значи, ако не градел висококатница со Заев во Дубаи, на кој начин се стекнал со златна виза?

Друго прашање на кое Филипче должи одговори пред цела македонска јавност, е дали станот што беше кажан во сведоштвото на Аврамски е во сопственост на Филипче или можеби го препишал на некое трето лице?

Од друга страна, одговори на целата јавност му должи и Зоран Заев. Треба јавно да соопшти, како стигна до милионите со кои инвестира и гради облакодери во Дубаи?

Апелираме да не одолговлекуваат, затоа што вистината, порано или подоцна, на овој или на оној начин, секогаш излегува на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа