Кај селата Орман и Волково се запалени куќи, пожари има и на гробиштата зад касарната „Ѓорче Петров“

Од:

На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.

Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници, во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.

Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.

Во општина Македонски Брод има три активни пожари. Помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин гори деградирана дабова шума и грмушки, кај село Самоков опожарен е лесно запалив материјал, додека кај село Рамне гори ниска вегетација, но е проширен од фабриката Самоков.

Три пожари се активни и во Општина Ѓорче Петров. Кај селата Орман и Волково се запалени куќи, пожари има и на гробишта зад касарната, додека во Стопански двор гори ниска вегетација.

Во Општина Чашка под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, има шумски пожар каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел.

Помеѓу селата Блаце и Чучер, во Општина Чучер Сандево гори мешана шума и ниска вегетација, во Општина Дојран кај село Николич гори нискостеблеста шума.

Во Општина Шуто Оризари гори депонија, во Општина Кочани – Осогово (шума) и во Општина Петровец – с. Кожле (шума).

Сува трева, деградирана вегетација гори во Радишани, во Јурумлери во Општина Гази Баба ниска вегетација, исто како и во Општина Сарај кај Семениште.

Во Општина Старо Нагоричане, кај селата Младо Нагоричане и Клечовце гори нискостеблеста деградирана вегетација, додека во населба Лозаново, во Општина Крива Паланка шума и ниска вегетација во Општина Тетово – Желино, кај село Ларце.

Изгаснати се четири пожари, во село Љубанци, Општина Бутел, каде горела ниска вегетација, како и во Општина Старо Нагоричане. Пожарот во Општина Демир Хисар – Ново Село, каде горел помошен објект – плевна и сува трева во село Веселчани во Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ