Кај гевгелиско Прдејци пронајдени седум лица мигранти, приведени двајца криумчари

Од:

На влез во гевгелиското село Прдејци, рано утрово околу 1.30 часот, полициски службеници ги уапсиле З.Г. (20) и Д.М.(19), двајцата од Косово бидејќи во возилото со кое се превезувале биле пронајдени мигранти.

– При контрола во возилото „фолксваген туран“ кое го управува З.Г., а сопатник бил Д.М., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопштија денеска од МВР.

Тие биле задржани во полициската станица во Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти