Кај Долно Блаце спречен обид за криумчарење тутун и медикаменти

Од:

Припадниците на граничната полиција вчеравечер при контрола на граничната линија во близина на селото Долно Блаце забележале лице со коњ натоварен со стока како се обидува илегално да ја мине границата со Косово. При обид да го запрат лицето го напуштило коњот и побегнало во правец на Косово.

Како што информира МВР, настанот се случил околу 20:00 часот во место викано Плажа, во близина на селото Долно Блаце.

Коњот и криумчарената стока биле донесени во Полициската станица за граничен надзор Блаце каде е утврдено дека се работи за 100 килограми тутун и 1.124 кутии разни медикаменти.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина