Каевски: Врв на срамот е тоа што Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа Законот за македонски јазик

Од:

Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. ДПМНЕ и Левица покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик, како столб на македонскиот идентитет. Врв на срамот за една партија е да не поддржи ниту една одлука за македонскиот јазик рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Христијан Мицкоски и ДПМНЕ досега немаат направено ништо за македонскиот јазик, немаат направено ништо за македонскиот идентитет. Тоа се истите оние од ДПМНЕ кои ширеа лаги за бугаризација и асимилација, а не гласаа за македонски јазик во македонското Собрание. Истите оние кои го нарекуваа Блаже Конески „џуџето од Небрегово“. Тоа се најголемите штетници за државата. Со Законот за македонски јазик се обезбедува дополнителна заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик. Се прошируваат областите за употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и опсегот на лекторирање. Еден од новитетите во законското решение е создавање Инспекторат за употреба на јазикот, но и дополнително изучување и афирмација на јазикот во странство, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените