Каевски: Во Скопје и во секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ се случува хаос и катастрофа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос во единиците на локалната самоуправа кои ги предводи.Хаосот е највидлив во Град Скопје. Нема реализирано ниту еден проект од програмата, не се реализираат ниту наследените проекти кои се во одмината фаза и за чија реализација се обезбедени пари рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Јавниот превоз е во колапс, ЈСП тоне во долгови, а катастрофална е состојбата и во други Јавни препратија како „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“. Во Штип цената на ѓубретарина е зголемена за дури 110 отсто, во Гевгелија 90 отсто, во Прилеп за 67 отсто, поскапени комунални услуги има и во Охрид, во Радовиш, Во Виница. Додека удираат по џебот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и парите од задолжувањата ги трошат расипнички на непродуктивни трошоци и на партиски вработувања. Општина Радовиш се задолжува со 800.000 евра преку комерцијален кредит, градоначачалникот на Ѓорче Петров троши 100.000 евра за луксузно опремување на новата општинска зграда, градоначалникот на Гевгелија потрошил над 14.000 евра за девет месеци за ручеци и вечери по ресторани вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ